Усвоен Буџетот на Општина Гевгелија вреден 968 милиони денари

 

На последната седница годинава гевгелиските советници едногласно го донесоа Буџетот на Општина Гевгелија кој изнесува 968 милиони денари или 15,7 милиони евра.

Основниот општински буџет е 610,4 милиони денари. Во него, покрај даночните приходи, најголем дел зафаќаат капиталните приходи од продажба на земјиште и нематеријални вложувања.

Капиталните расходи учествуваат со 568,7 милиони денари што е 58,7 отсто од вкупниот или 67,8 отсто од оновниот буџет. Овие средства треба да бидат потрошени за изградба и реконструкција на патната и комуналната инфратруктура, како и за градежни објекти од интерес на општината.

Според градоначалникот Сашо Поцков, висината на буџетската рамка произлегува и од наследените долгови на општината.

- Наследивме задолжена општина, но се трудиме со домаќинско, чесно и транспарентно работење да отвориме перспективи со кои ќе се движиме по нагорна линија. Германскиот грант од 2,5 милиони евра преку КФВ банката за подобрување на комуналната инфраструктура, ќе ни овозможи добар дел од буџетските средства да пренасочиме за друга намена, односно да обезбедиме предуслови за позасилен економски развој. Средствата од Владата што ќе ги добиеме преку кредитот од Светска банка ќе ги искористиме за санација на долговите на општина Гевгелија, рече Поцков. 

 

 

 

28.12.2017 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега