Усвоен буџетот на Општина Крива Паланка за 2018 година

 

Општинскиот Совет на Крива Паланка денеска го усвои Буџетот за 2018 година вреден 200 милиони и 296 илјади денари. 

Како што истакна раководителот на Одделението за финансиски прашања Драгица Митровска, при креирање на Буџетот се почитувани начелата на економичност, рационалност во трошењето преку дефинирани програми, транспарентно планирање, искористување на капиталните расходи, како и спроведување на дисциплинирана потрошувачка во насока на рестриктивна и ригорозна контрола на помалку продуктивни трошоци без да се наруши нормално функционирање на буџетските институции.

- Општиот дел на буџетот ги содржи приходите, кои според проекциите во 2018 година се планира да изнесуваат околу 382 милиона денари, вкупните расходи се 376  милиони денари, а одлив на сретства за отплата на заем ќе има пет милиони денари. Посебниот дел на буџетот содржи и дел нови програми: изборни активности, месни самоуправи, одржување урбана опрема, одржување зеленило и спорт и рекреација и истиот ќе изнесува вкупно за сите програми, заклучно со постојните, во кои се вклучени и израдба и одржување јавни патишта, изградба на водоснабдителни, пречистителни системи и други комунални услуги со 200 милиони 296 илјади денари, посочи Митровска.

За дотацииза средно, осоновно образование, градинка и противпожарна заштита се проектирани 162 милиона денари.

По донесена Одлука на седница на Советот, во буџетот за следната година е планиран и развоен дел, кој вклучува програма за јавно осветлување, со вкупна вредност од 6,1 милион денари од кои во 2018 ќе се потрошат 1,1 милион денари, додека во 2019 и 2020 година ќе се потрошат по 2,5 милиони денари.

- Основната цел на оваа Програма е подобрување на услугата за јавно осветлување и намалување на потрошувачката на електрична енергија, преку инсталација на штедливи светилки, додаде Митровска.

Од вкупните расходи, капитални се 66 милиони денари кои ќе се искористат за купување опрема за новите-реконструирани општински сали, градежни објекти, покривање на терасата на новата општинска зграда, подотовка на проекти и надомест за одземен имот, додека за тековно-оперативни расходи се планирани 134 милиони денари. 

 

 

 

28.12.2017 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега