Владата го утврди максималниот износ на ново задолжување со државни хартии од вредност

На денешната 46- та владина седница е донесена одлука за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2018 година.

Според соопштението, максималниот износ на новото задолжување со издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2018 година ќе изнесува 5.454.000.000,00 (пет милијарди четиристотини педесет и четири милиони) денари.

Издавањето на државните хартии од вредност се врши согласно Календарот за планираните емисии на државните хартии од вредност кој го утврдува и објавува Министерството за финансии на почетокот на периодот за кој се однесува, во согласност со Буџетот за 2018 година и врз основа на Законот за јавен долг.

 

 

 

28.12.2017 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега