Дедо Мраз денеска точно напладне ќе пристигне на плоштадот во Скопје

Град Скопје ја откажа традиционалната новогодишна прослава што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“ и средствата кои беа планирани за организирање на пречекот, ќе бидат донирани за социјални цели.

Сепак, денес точно напладне на плоштадот „Македонија“ традиционално ќе пристигне Дедо Мраз. 

Новогодишна прослава под мотото „Нова Година-нови насмевки“ ќе има на сквер „Јадран“ во организација на општина Центар. Напладне ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува музичката програма со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова. 

Прославата ќе има хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија. 

нова година скопје 2018

Во пресрет на празниците главниот град е украсен со декоративни елементи и осветлување.

Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ беше осветлена на 18 овој месец во придружба на хоровите од средните училишта во град Скопје, под диригентска палка на Јасмина Беличанец.

нова година скопје 2018

Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди за време на празниците. 

 

 

 

31.12.2017 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега