Наполнете ги резервоарите пред Нова Година - нови поскапувања на горивото

По последното зголемување на цената на дизелот оваа недела на 25 декември, од 1 јануари таа се зголемува за 3,5 денари поради воведувањето на повисоката акциза за нафтата.

Така новата цена на Еуродизелот на 1 јануари треба да изнесува 58,5 денари за литар. Нова цена, пак, ќе има една недела потоа после  Божикните празници кога Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе нова редовна одлука за определување на највисоките цени на нафтените деривати.

- Препораките од ЕУ се дека овие акцизи треба да бидат 0,33 евроценти, а кај нас изнесуваше 0,20 евроцентри. Со зголемувањето ќе биде 0,26 евроценти, посочуваа од Владата при најавата за зголемувањето на акцизата на дизелот. Оценуваа дека и со ова зголемување цената на еден литар нафта ќе остане најниска во регионот. 

Причина за зголемување се препораките од ЕУ.

 

 

 

31.12.2017 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега