Прославите започнаа - ја испраќаме старата и ја дочекуваме Новата 2018 година

Стотици милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2017 и ќе ја пречекаат Новата 2018 година.

Жителите на јужнопацифичките острови Самои, Тонга и Кирибати во 11 часот по средноевропско време зачекорија во 2018 година, а набрзо по нив на пладне по средноевропско време и Нов Зеланд со огномет над престолнината Окленд од кулата Скај висока 200 метри.

Град Скопје ја откажа традиционалната новогодишна прослава што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“ и средствата кои беа планирани за организирање на пречекот, ќе бидат донирани за социјални цели.

Сепак, денес точно напладне на плоштадот „Македонија“ традиционално пристигна Дедо Мраз. 

Дедо Мраз

Новогодишна прослава под мотото „Нова Година-нови насмевки“ ќе има на сквер „Јадран“ во организација на општина Центар. Напладне ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува музичката програма со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова. 

Прославата ќе има хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија. 

нова година скопје 2018

Во пресрет на празниците главниот град е украсен со декоративни елементи и осветлување.

Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ беше осветлена на 18 овој месец во придружба на хоровите од средните училишта во град Скопје, под диригентска палка на Јасмина Беличанец.

нова година скопје 2018

Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди за време на празниците. 

Новата 2018 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа. Последни ќе ја испратат 2017 жителите на Американска Самоа. 

 

 

 

31.12.2017 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега