Забрана за достава на стоки во центарот на Скопје

Една од 15-те итни мерки за намалување на загадувањето што ги презема Градот Скопје е забраната за достава на стока во центарот на Скопје.

Од денеска до март годинава, Градот Скопје воведува забрана за достава на стока во потесното градско подрачје во период од 7:30 до 18 часот.

Одлуката се однесува за запирање за доставување стока во наведениот период, а не се однесува на движењето на возилата што ја доставуваат. Дополнително, оваа забрана не се однесува на фирмите што имаат сопствен простор за доставување стока, туку само за оние што за доставата користат улица или тротоар.

Се проценува дека 4.000 возила дневно дистрибуираат стока во централното градско подрачје.

Станува збор за мерка со која се очекува дека ќе се придонесе за намалување на застојот во сообраќајот, а со тоа и намалување на количеството на штетните гасови што се ослободуваат за тоа време.

 

 

 

01.01.2018 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега