Првороденото бебе доби штедна книшка од Град Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов и министрите Венко илипче и Мила Царовска, денеска беа во посета на првото новороденче во Скопје во 2018 година, во Клиниката за гинекологија и акушерство. Првороденото бебе во 2018 година од Град Скопје доби штедна книшка со 20 илјади денари.

Градоначалникот Шилегов изјави дека традиционално на најмладата скопјанка, малата Теодора и подариле мече и штедна книшка.  

-  Горд сум што можев да им го честитам на родителите нивното второ дете. Посакавме тоа мало девојче да израсне во голема девојка и да биде дел од Градот Скопје, истакна Шилегов. 

прво бебе 2018

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека на среќните родители им го честитале второто дете во семејството и им посакале да расне здраво и ги викнат на првиот роденден. 

Министерката Царовска нагласи дека како Влада се грижат за секое дете во државата и најави дека во иднина ќе работат на подоборување на квалитетот на предучилишното образование.

На Клиниката за гинекологија и акушерство, како што информира директорката Адела Поп Стефанија, утринава се родиле вкупно 10 бебиња.

Првото бебе е родено една минута по полноќ и е втора рожба на мајката Борјана Радевска од Скопје. Бебето е тешко  три килограми и  70 грама  и долго 49 сантиметри.

 

 

 

01.01.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега