Уништен инвентар во парк - шумата „Водно“ (фото)

 

Чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатиов период евидентирале уништување на парковски елементи на реонот во парк - шумата „Водно“.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека се почесто има уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите.

- Потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк – шумите, парковите и урбаното зеленилото, велат од ЈП „Паркови и зеленило.

Оттаму апелираат до посетителите совесно и одговорно да се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата.

 

 

 

02.01.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега