Заев: Градоначалниците да подготват проекти за гасификација

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Министерството за финансии порача градоначалниците  да подготват проектна документација за гасификација на општините и да одлучат дали сами ќе инвестираат, дали ќе најдат инвеститори или тоа ќе го сторат преку јавно-приватно партнерство.

Тој додаде дека во Скопје веќе има гасоводна цевка и дека нејзината искористеност е од 15 до 20 проценти.

-Ги мотивирам градоначалниците да почнат со изготвување на проектна документација. Има главна гасоводна мрежа, но општините мора да имаат главни проекти. Некои од градоначалниците веќе доставија планска документација – рече Заев.

Премиерот истакна дека гасификацијата е многу важна од економски и еколошки аспект, а за неа во буџетот се предвидени 35 милиони евра.

 

 

 

02.01.2018 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега