Евростат: Бугарите и Хрватите зад сите во ЕУ според куповната моќ

Според податоци на Евростат, Бугарите и Хрватите со куповната моќ заостануваат зад најголем дел од членките на Европската унија.

Хрватска е на претпоследното место според потрошувачка по жител, која сега изнесува 59 отсто од просекот во ЕУ. Според нив, само Бугарија е послаба од Хрватска.

Хрватска за првпат е претекната од Романија во која потрошувачката е 61 отсто од европскиот просек, наведуваат хрватски медиуми.

Турција во раст на животен стандард надминала веќе четири членки на Унијата и речиси сите држави од ЈИЕ. Просечен Турчин со потошувачка која е 64 отсто од просекот во ЕУ, има поголема куповна моќ од жителите на Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ, Албанија...

Евростат податоците ги базира врз потрошувачка кошничка на исти стоки во различни држави.

 

 

 

04.01.2018 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега