Поголем буџет и опрема за Државниот инспекторат за животна средина во 2018

Државниот инспекторат за животна средина за 2018 година планира набавка на опрема за индикативни и споредбени мерења со акредитирана лабораторија за животна средина, воспоставување на целосна база на податоци за процена на ризик, нова веб страница, јакнење на човечките ресурси и изработка на стратегија за спроведување на законодавството по плански региони.

Буџетот на Инспекторатот за 2018 година е зголемен за 60 проценти на 24,7 милиони денари, а годишната програма за работа на инспекторатот, денеска ја претстави директорот на ДИЖС Мирослав Богдановски.

- Посебен акцент е ставен на планирањето и фреквенцијата на инспекциските надзори. Целта е секој индустриски субјект, подлежен на надзор, да направи посебна анализа на ризик со што ќе се оптимизира бројот на надзорите и ќе се дејствува превентивно, изјави Богдановкси.

Фокусот на надзорите за 2018 година, посочи Богдановски, се однесува на индустријата што подлежи на А-интегрирани дозволи како цементарница, рафинерија, топланите и големите индустриски објекти, управувањето со отпад, заштитените подрачја и водите.

- Во моментот инспекторатот располага само со еден водостопански инспектор за целата територија на Македонија. На целата територија на Македонија има 15 инспектори, а на територија на Скопје само три. Планирани се нови вработувања на помлади инспектори за зајакнување на ефикасноста и капацитетот на вршење на инспекциски надзори и инспектори со положени лиценци, изјави Богдановски. 

Посочи дека граѓаните може да пријавуваат загадувачи, палење на оган и опожарување на јавни површини на бројот 193, кој е отворен 24 часа, за што веќе се воведени дежурстварства, а ДИЖС прави и теренски обиколки во попладневни и ноќни часови и е во постојана комуникација со овластените инспектори за животна средина на локално ниво.

 

 

 

04.01.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега