Скопјани не ги послушаа апелите - се запали оган и се вртеа ора

 

Дел од скопјани не го послушаа апелот од градските власти и од Македонската православна црква и вечерва запалија коледарски огнови.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги повика граѓаните да се воздржат од палење коледарски огнови на отворено пред Бадник. Тој поддршка доби и од градоначалниците на сите скопски општини, кои годинава донесоа одлука за забрана за доделување дрва од општините за таа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град.

И Македонската православна црква апелираше да не се палат бадникарски огнови и на верниците им порача дека местото на празнување е во црквата, а не крај огновите бидејќи овој обичај не е во духот на христијанската традиција.

 

 

 

05.01.2018 - 22:08
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега