АХВ: На бразилска компанија која извезувала месо во Македонија и е одземена лиценцата

На брзаилската компанија „Сеара Алиментос ЛТДА“ која извезува месо и во Република Македонија ѝ е одземена лиценцата за извоз.

Од АХВ денеска информираат дека компанијата е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од оваа земја.

- „Од страна на инспкциските служби на Агенцијата засилени се контролите на граничните премини, со цел спречување на евентуален влез во земјава на пратки со месо од Бразил, кои потекнуваат од објекти кои се забранети за извоз“, велат од АХВ.

Од таму додаваат дека по минатогодишните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил, Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадата на Република Македонија во оваа јужноамериканска земја, со која се разменуваат информации за случувањата во месената индустрија, за што се информираат и стопанските комори во земјава.

 

 

 

 

 

06.01.2018 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега