Рочиштето за „Фени“ одложено поради жалба против решението за стечај

Одложено е за 7-ми следниот месец денешното рочиште за стечајот на Фени Индустри АД - во стечај. 

Според стечајниот управник на ФЕНИ Мирослав Анастасиевски, рочиштето  еодложено бидејќи не се исполнети законските претпоставки за одржување на испитно рочиште и извештајно собрание.

- Списите на предметот се пред Апелацискиот суд во Скопје, по вложена жалба против Решението за отворање на стечајна постапка над стечајниот должник, се вели во соопштението.

Стечајната постапка, наведува, тече согласно законската процедура, Одборот на доверители е формиран и редовно се одржуваат седници.

 

 

 

11.01.2018 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега