Што има на имотниот лист на новиот уставен судија Дарко Костадиновски

Собранието вчера го изгласа Дарко Костадиновски за нов уставен судија. Тој изјави дека ќе ја извршува својата должност во Уставниот суд одговорно и согласно со законите.

Тој до Државната Комисија за спречување корупција пријавил дека има стан во Охрид од 43 метри квадратни, проценет на 2,1 милиони денари и плац во Сопиште од 1.000 метри квадратни, додека на име на брачен другар има пријавил стан од 98 метри квадратни во Скопје, проценет на 4,5 милиони денари, пренесе Емагазин.

Вози Хјундаи Тусон, проценето на 1 милион денари, а неговиот брачен другар Фиат Стило, има и неколку сметки и заеми во банка и кредит.

 

 

 

12.01.2018 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега