Скопјанецот кој го фати крстот на Водици парите ќе ги донира во хуманитарни цели

Скопјанецот Даниел Дончевски, кој вчера по петти пат го фати чесниот крст во водите на реката Вардар во Скопје, изјави дека дел од парите кои ќе ги добие ќе ги даде за лекување на девојче чиј живот е во прашање.

-Пред сè сакам на сите мои христијани да им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, да им посакам здравје, среќа, љубов и да бидеме вака сплотени секоја година во мир, секој ден да се покајуваме и вака да го празнуваме со љубов и со вистинска вера нашиот христијански празник. Покрај за здравје, за својата фамилија скокнав по крстот за еден мал јунак Биле Пешевска, херој што се бори против болест поради која многу би се откажале од неа – вели Дончевски.

 

 

 

20.01.2018 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега