И денеска поради високо ниво на загаденост јавниот превоз бесплатен

Мерните станици и денеска покажуваат високо ниво на загаденост со ПМ 10-честичките на повеќе локации во Скопје.

Последните мерења покажуваат дека загаденоста кај Ректорат изнесува 258 микрограми на  кубен метар, понатаму измерени се 222 микрограма во Лисиче, 217 во Гази Баба и 201 микрограм на кубен метар во Карпош.

Од вчера јавниот превоз е бесплатен сè до моментот на намалување на загаденоста. Меѓу итните мерки што ги најави Град Скопје е интезивирање на контролата на градилиштата, инспекциски надзори над субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, како и интензивно чистење на улиците и булеварите.

 

 

 

31.01.2018 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега