Престануваат да важат итните мерки за воздухот

Министерството за животна средина и просторно планирање, кое се повикува на податоци на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, соопштува дека среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 мg/m3, во текот два последователни дена на мерните места Лисиче и Ректорат во Скопје.

Согласно оваа состојба, препораките и мерките за заштита од загадувањето на амбиентниот воздух престануваат да важат веднаш.

 

 

 

01.02.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега