ФОТО: Дали е ова изложба на улични кучиња на улица Македонија во Скопје?

Глутница улични кучиња ги поздравуваат минувачите на улица Македонија пред куќата на Мајка Тереза. Наши читатели велат дека има повеќе од десет кучиња кои седат на плочикте пред куќата.
„Искрено не ти е сеедно кога треба да поминеш покрај толку многу кучиња. Мирни се но сепак се животни, непредвидливи се. И покрај тоа што сум љубител на животни, а и дома имам куче, сепак, чувството е непријатно“ – вели нашиот читател кој ни ја испрати оваа фотографија.

На потег се градските власти кои согласно законите треба да се погрижат за овие улични кучиња.

 

 

 

02.02.2018 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега