Директорот Тасевски објави видео од поплавата во Драмски: „Ако се удавам театарот ќе остане без директор“

Силните врнежи од дожд кои вечерва го зафатија Скопје предизвикаа поплава во Драмскиот театар во Скопје.

Директорот Сашо Тасевски на неговиот Фејсбук профил објави видео на кое што може да се види како огромни количини вода течат во тоалетите.

– Еве. На 30 минути пред Секс дрога… иде Нијагара во Драмски… не Дунав, напиша Сашо Тасевски над видеото.

– Ако не излезам брзо, ќе ми требаат гумени чизми и гума за спасување. Пополека излегувам, да не се удавам. После „Драмски“ без директор ќе останат, вели Тасевски во видеото.

 

 

 

 

04.02.2018 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега