Сите училишта и градинки во Карпош ќе добијат прочистувачи на воздух

Советниците од општина Карпош на денешната седница дадоа согласност за набавка на прочистувачи на воздух за потребите на сите јавни установи – општински детски градинки и општински основни училишта.

- Пред извесно време нагласив дека мерките кои ги спроведе општина Карпош за решавање на проблемот со загадувањето се интервентни, и ние како локална самоуправа ќе работиме на изнаоѓање на трајно решение на овој проблем.  Затоа за нашите најмали жители- карпошани во детските градинки и училиштата кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа ќе бидат обезбедени нови јонизатори, односно прочистувачи на воздухот, истакна градоначалникот Богоев. 

 

 

 

 

07.02.2018 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега