Акција за генерално чистење на општина Сарај

Јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ денеска ја почнаа акцијата за генерално чистење на општина Сарај.

Акцијата, која ќе трае неколку дена, има за цел подигнување на нивото на хигиената и чистотата, во рамки на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град.

Во акцијата дневно ќе бидат ангажирани 70 работници, а од механизацијата ќе се употребуваат три специјални комунални возила – метлачки, три специјални комунални возила патарки, две цистерни, еден втоварувач, еден кипер со носивост до 10 тони и два кипера со носивост до 20 тони.

Акцијата ја означија градоначалникот на општината Сарај Блерим Беџети и директорите на ЈП „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ Абдусамед Шабани и Ардијан Муча кои нагласија дека ова е само една од претстојните акции за генерално чистење кои ќе се реализираат во скопските општини. 

 

 

 

08.02.2018 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега