Се уредува зеленилото во Градски парк

ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поради поволните временски услови почна да ја реализира Програмата за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето на град Скопје.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ се излезени на терен и работат на уредување на зеленилото на две локации во Градски Парк, соопшти Град Скопје.

Првата локација спроти Хотел Канет и езерцето кај Стадионот е со површина од 4.400 квадрантни метри, а втората површина од 1.900 квадратни метри е спроти паркингот пред Фонтаната Лотосов цвет и влезот во Градски парк, бидејќи постојната тревна површина е од пред 40 години. 

Градски парк

На двете површини ќе се засадат вкупно 200 украсни грмушки, перени и листопадни садници што ќе ги надополнат постојните дрвореди. Исто така, на новите површини ќе се постави и нова хидрантска мрежа од 700 метри, ќе се заменат оштетените прскалки и ќе се постават нови во делот каде што никогаш немало поставено прскалки за наводнување на зеленилото во вкупен број од 70 парчиња.

За реконструкција на овие две површини во Градскиот парк од Буџетот на Град Скопје ќе се издвојат околу 4 милиони и 500 илјади денари.

 

 

 

08.02.2018 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега