МВР најавува: Утре и задутре посебен сообраќаен режим во делови на Скопје

Поради одбележувањето на Задушница кога граѓаните одат на гробиштата низ главниот град, МВР најавува посебен сообраќаен режим околу нив.

„При тоа ги информираме граѓаните дека поради изведување на градежни работи на ул.“Александар Урдаревски“(во реонот на гробиштата Бутел), кои што се уште траат - идентично како и во ноември минатата година - дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај.

Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“ во правец од кружниот тек на ул.“Александар Урдаревски“ кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“, лево, по ул.“Александар Урдаревски“ кон клучка „Мирковци“ (обиколница).

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул„Црногорска“ а на гробишта „Камник“ по ул„Јужноморавски Бригади“ со ул„Роман Каскалиевиќ“.“ - стои во соопштението на МВР

 

 

 

 

 

09.02.2018 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега