Градоначалникот Наумоски со велосипед простигна на работното место

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски изутрината пристигна со велосипед на работното место и на тој начин ја поддржа и поздрави иницјативата на неформалното здружение „На точак” насловена „Winter Bike To Work Day”.

- Ова е одлична можност да покажеме дека се грижиме за животната средина, како и да влијаеме на подигање на јавната свест за бенефитот од возењето велосипед. Ги поздравувам сите вакви и слични идни иницијативи и повикувам на често и секојдневно користење на велосипед како превозно средство, рече Наумоски.

Иницијативата беше поддржана и од вработени во општината, во училиштата и од граѓаните. 

 

 

 

09.02.2018 - 14:20
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега