Се гради потпорен ѕид на улицата Христо Чернопеев на Водно

Општина Центар работи на решавање на проблемот со ерозија на земјиштето на улица Христо Чернопеев на Водно. Започна изградбата на потпорен ѕид во должина од 15 метри и висина од 8 метри.

Жителите реагираа и бараа од општината да ги заштити од секојдневните опасности од слегнување, лизгање и ерозија на земјиштето. Постоеше потенцијална опасност од лизгање на куќите од улицата „Славејко Арсов“ .

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за наредната недела закажа состанок со директорот на ИЗИС за да се утврдат критичните точки на територијата на општината каде што нема да се издаваат одобренија за градење.

 

 

 

09.02.2018 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега