Kое е најдоброто место за вечера на Св. Валентин?
Маж или жена – секогаш кога си на идеја да го изненадиш партнерот со убава резервација за Валентин, се соочуваш со ситуација на немање слободни места, гужви, разочараност од понудата на локалите и сл.
Затоа, решивме да одвоиме нешто за овој 14-ти февруари...
Бистро Скопје, новиот блуз и џез ресторан на улица Македонија, на 14-ти февруари организира прекрасна вечер заедно со „JB Quartet“ и Нико Ѓоргиевски. Два фантастични машки и женски вокали, Нико и одличната џез вокалистка Јасмина Беличанска ќе бидат придружени од all-star составот на басистот Марко Василевски, пијанистот Филип Димишковски и Антоние Весковски на ударни инструменти. Ќе се пеат врвни аранжмани од преработки на Frank Sinatra, Nat King Cole, Diana Krall, a и Македонски евергрини кои ќе ви ги разгалат музичките сетила.
За останатото ќе се погрижат извонредните шефови Жика и Рубин и нивните веќе добро познати кулинарски ремек-дела во Бистро Скопје. А за оние кои сакаат да го прослават Св. Трифун ќе има посебно изненадување – промоција на Тиквеш и промотивни цени на нивните вина.
Резервирајте си место во Чув де чув на 078 52 05 52 или на chuvdechuv@gmail.com за незаборавна романтична вечер. Побрзајте, затоа што голем дел од местата се веќе пополнети од редовните клиенти на Бистро Скопје.
Погледнете и мал дел од атмосферата на последниот настап кој „JB Quartet“ го имаа во Бистро Скопје...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа