Оваа скопска населба до утре поради дефект ќе биде без вода

Граѓаните во населбата Тафталиџе кои поради дефект немаат вода, ќе добијат вода во текот на утрешниот ден во претпладневните часови. 

Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека на дефектот на булеварот „Теодосиј Гологанов“ спроти „Веро“ ќе се работи и во попладневните и во вечерните часови и оти се очекува тој да биде саниран, а водоснабдувањето да биде нормализирано во текот на утрешниот ден во претпладневните часови. 

 

 

 

22.02.2018 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега