Богдановиќ и еснафот на Старата скопска чаршија потпишаа Меморандум

 

Општина Центар и еснафот на старата скопска чаршија потпишаа Меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и за подобрување на условите за работа на занаетчиството, соопшти општина Центар.

Општина Центар, претставувана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот и советникот од еснафот Мухамед Љамалари на заедничката средба договорија промовирање на занаетчиството и заживување на чаршијата преку заеднички проекти и активности. Како што се наведува во соопштението, нагласена е потребата за ревитализирање и осовременување на инфраструктурата на старата скопска чаршија, редуцирање на бариерите и отворање на нови можности за соработка.

Сето ова, наведуваат од општина Центар, ќе го поттикне зближувањето и доближувањето до заборавените културни вредности и единство на различностите, избалансиран развој на општината, како и зачување на традицијата и културата на старата скопска чаршија.

Со, како што се наведува во соопштението, ова се реализира договорот, постигнат во изборниот период за соработка меѓу еснафот и општина Центар.

 

 

 

23.02.2018 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега