Град Скопје не открива дали ќе отстрани други споменици - Галиите ќе бидат тргнати

Од Град Скопје не откриваат дали ќе бидат отстранети и други споменици од проектот Скопје 2014, откако беше преку ноќ отстранет споменикот на Ќосето.

Оттаму не ја исклучуваат можноста дека истото може да се случи и со други споменици, но потенцираат дека тоа ќе се направи само доколу бидат исполнети правните услови за таква акција. Исто така се потврдува дека ќе се тргнат галиите.

„Што се однесува до други ситуации, не би сакале да влеземе во некакви шпекулации без притоа да имаме нешто конкретно. Значи за секој случај за којшто мислиме дека правните околности се созреани, тогаш би можеле да ве известиме за конкретни чекори“, вели портпаролот на Град Скопје“, Ваљон Салиху, пренесе РадиоСлободна Европа.

Бакалчев за РадиоСлободна Европа вели дека Градот треба да гледа да направи нешто подобро за сите кои тука живеат, а не да се враќаат назад во минатото.

-„Има толку работи што треба да се поправат и направат во градот, така што ако постојано влегуваме во едно исто, всушност влегуваме во таа спирала од која што требаше да исчекориме. Не гледам апсолутна потреба да се тргне ниту еден споменик, освен ако постојат релевантни сознанија за безбедноста, а гледам апсолутно голема потреба да се свртиме околу себе, да видиме како и каде живееме и што треба да направиме за да бидеме ставени во еден европски контекст“, изјави Бакалчев.

 

 

 

 

23.02.2018 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега