Отежнат сообраќајот поради снегот - во скопски Аеродром фрлени 12 тони сол

Зимската служба на општина Аеродром во текот на ноќта го расчистуваше снегот во Горно и Долно Лисиче, улиците „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓи Капчев“ и улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“. 

- Двете општински возила во текот на вечерните часови фрлија вкупно 12 тони сол, а акцијата продолжи и утрово. Сезонските работници се ангажирани да ги расчистуваат приодите околу градинките и училиштата, а се интервенира и на автобуските постојки, информира општина Аеродром.

Зимската служба на општина Аеродром ги расчистува улиците, паркинзите и патеките кои се под надлежност на општината и фрла сол за да се спречи замрзнување. 

 

 

 

26.02.2018 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега