Исчистени улиците во Центар: „Да се чисти снегот пред влезовите"

Комуналната инспекција на општина Центар ги предупредува субјектите согласно Законот за комуналните дејности да го исчистат просторот пред влезовите. 

Општина Центар соопшти дека нејзините вработени и зимската служба ноќеска ги исчистиле сите улици кои се под нејзина надлежност.

- Континуирано се чистат улиците во Мало Курило, Долно Водно и Водно. Исчистени се и улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“ и „Пролет“ и сите приоди до градинките и до училиштата.  Во текот на ноќта фрлени се 50 тони сол или вкупно, со почетокот на снегот, фрлени се 110 тони сол на улиците во Центар.  Се чисти со неопходната механизација, но и рачно вработените ги чистат улиците и тротоарите, соопшти Центар.

 

 

 

27.02.2018 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега