Сопиште го бара Ќосето за кружниот тек кај Сончев Град - советниците на СДСМ против

Општина Сопиште побара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради споменикот на Ќосето кој преку ноќ беше отстранет од пред Судот во Скопје, да им биде отстапен на нив.

- „Доколку ова наше барање биде прифатено, споменикот би се поставил на кружниот тек во село Сопиште, кој беше изграден при изградба на регионалниот пат кој го поврзува Сопиште со Сончев Град и Градот Скопје, а кој простор се уште не е доуреден. Барањето го поднесуваме согласно донесена Одлука од страна на Советот на општина Сопиште на седница одржана на ден 27.02.2018 година. Се надеваме на позитивен одговор од Ваша Страна“, стои во барањето до Здружението до кое дојде „Фокус“.

Советниците на СДСМ во Општина Сопиште гласаа против одлуката да биде побарано да се отстапи споменикот. 

-Ние не сме против поставување на споменик на оваа локација, но гласавме против бидејќи во моментов со блокирана сметка којашто ја има општината, неприфатливо е да се финансира постамент и слично и да се бара да се стави споменикот на Ќосето тука. Дополнително, сметаме дека со тоа само ќе се создаваат нови дополнителни поделби помеѓу Македонци и Албанци. Ние сме мултиетничка средина во којашто живеат Македонци Албанци Турци. Сметаме дека со самото поставување на овој споменик би се предизвикало дополнителен револт помеѓу граѓаните и населението кое што живее на оваа територија, изјави Сашко Стојановски, претседател на ОО СДСМ- Сопиште.

Инаку, отстранувањето на споменикот покрена лавина реакции, а скопскиот градоначалник Шилегов истакна дека бил тргнат навечер за да не се блокира сообраќајот и дека дивоградби веќе нема да се толерираат во Скопје.

 

 

 

 

 

27.02.2018 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега