Зголемен бројот на пациенти со скршеници и повреди поради снегот

Снегот предизвика многу несреќи овие два дена. Зголемен е бројот на пациенти во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, објави МРТ.

На голем дел на територијата на Скопје, снегот не е исчистен, па граѓаните паѓаат и се повредуваат.

Од Клиниката апелираат, граѓаните, особено повозрасните, да внимаваат кога се движат, доколку немаат потреба да не излегуваат. Апел и до возачите зад воланот, да возат внимателно и да ја приспособат брзината на условите.

-Зголемен е бројот на пациенти кои се јавиле во нашата амбуланта. Станува збор за пациенти со различни повреди на телото. Од неделата до овој момент се јавиле вкупно 50 пациенти, од кои четворица се со фрактури, а двајца од нив се примени за натамошно лекување, изјави Бурим Елези, портпарол на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, пренесе МРТ.

Во текот на вчерашниот ден во главниот град имало 13 сообраќајки, повредени биле четири лица.

 

 

 

 

27.02.2018 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега