Советникот од Алијансата на Албанците бара ново гласање за Ќосето - тврди дека гласал против

Советникот  од Алијансата на албанците Орхан Гафури  бара уште еднаш во општина Сопиште да се гласа за споменикот на Андон Јанев Ќосето и демантира дека вчера неговиот глас бил шестиот и пресуден за ВМРО-ДПМНЕ да ја усвои одлуката наспроти четирите гласа против.

- „Сето тоа е манипулација. Можеби од нив некој гласал за, а кој гласал, не знам. Јас тврдам дека сум гласал против и барам пред јавноста нова седница за да знаат дека ќе гласам против.“ - вели Орхан Гафури советник од Алијанса за Албанците, пренесе 24Вести.

Советниците на СДСМ вчера изјавија дека Ќосето само ќе предизвика поделби кај граѓаните, па затоа се против.

- „Го делат народот, а треба да го спојуваме и сплотуваме. Со тој споменик само се руши довербата на населението и ќе формира дополнителни импликации за оштината зошто ќе треба да се уреди тоа подрачје и да се намести постамент.“ - вели Сашо Стојановски-СДСМ.

Од друга старна ВМРО-ДПМНЕ решителни дека нема да дозволат споменикот на Ќосето да се стопи:

- „Ние како општина покажуваме дека приоритердаваме на изградбата, а не на рушењето. Оваа иницијатива потекна од самите жители, што на денешната седница ја поднесоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ. “ - вели Јане  Мицевски-ВМРО-ДПМНЕ.

Додека општина сопиште се бори за да го присвои Ќосето, две здруженија од Велес водат битка за споменикот да биде вратен во родниот град. 

За потсетување, споменикот на Ќосето неодамна преку ноќ беше тргнат од пред Судот во Скопје, а градскиот татко Петре Шилегов, изјави дека тоа било така за да не се создаде хаос во сообраќајот со дигалките и дека не морало да се најавува бидејќи дивоградба не е спектакуларен чин.

 

 

 

28.02.2018 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега