Шилегов по барањето за Ќосето: Сопиште може да посака и метро

Општина Сопиште може да посака и метро да имаат во Сопиште, рече градоначалникот Петре Шилегов откако Советот на Општината вчера донесе одлука со која бараат Градот да им го даде споменикот на Андон Јанев-Ќосето.

„Општината Сопиште може да си носи автономни одлуки какви што сака. Може да посакаат и метро да имаат во Сопиште. Градот Скопје има добиено допис од Рудници и железарници институти кои што ги лиеле петте спомениците на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин дека се неплатени. Од нас е побарано да им доставиме известување каде се наоѓаат спомениците поради нивните потреби во судската постапка која ја водат за долг на неплатени споменици. Што значи Град Скопје примил неплатена донација“, рече денес градоначалникот Петре Шилегов, пренесе СакамдаКажам.

Вчера, СДСМ рекоа дека Ќосето би го поделил народот, а ВМРО-ДПМНЕ од своја страна изјавија дека нема да дозволат да се стопи споменикот кој треба гордо да стои.

 

 

 

28.02.2018 - 13:35
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега