Шилегов за можното отстранување на другите споменици: Не би ги преудицирал понатамошните чекори

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов на вечерашното гостување на телевизија 24 беше прашан дали ќе се уриваат и останатите споменици кои се дел од проектот „Скопје 2014“, на што тој одговори дека соодветна Комисија работи на тоа прашање и тој не сака да преудицира.

-Насилното изведување на „Скопје 2014“ е причината зашто беше воспоставена Комисијата која сега ги преиспитува објектите. Како созреваат состојбите за определените објекти се постапува по тие решенија. Јас ја предупредувам јавноста за опасноста од објектите во коритото во Вардар. Не би ги преудицирал понатамошните чекори, изјави Шилегов.

 

 

 

28.02.2018 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега