Видео: Скопје во глобалното видео за „Часот на планетата земја"

Часот на планетата Земја, кој ќе се одржи на 24 март во 20:30 часот, претставува најголемата светска еколошка акција, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.

Рекламниот спот денеска се промовира на глобално ниво под слоганот „Поврзи се со планетата“, кое е годинашното мото на светската еколошка акција Часот на планетата Земја, акција на Светскиот фонд за природа WWF.

- Ме радува тоа што WWF и глобалниот тим на Часот на планетата Земја уште еднаш го препознаа трудот кој го вложуваме за оваа акција во Македонија и го поставија Скопје во спотот кој се користи за промоција на овој светски еколошки бренд низ целиот свет. Сметам дека освен што пренесуваме силна порака за спас на планетата, оваа акција претставува и одлична можност за промоција на нашата земја, изјави Ѓорги Селков од канцеларијата на Часот на планетата Земја во Македонија.

На 24 март во 20:30 часот по локално време, во мрак ќе потонат над 8.000 града во повеќе од 180 држави ширум светот, а меѓу нив и Македонија. Часот на планетата Земја почна како симболичен настан во Сиднеј во 2007 година, а сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

 

 

 

01.03.2018 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега