Шилегов ја зголеми цената на водата на комплекс Железара: "Не ме интересира другата страна туку состојбата во Водовод"

Советот на Град Скопје едногласно ја донесе одлуката за утврдување на цена како надоместок на трошоци за обезбедено доведување на вода за РЖ „Услуги“ АД Скопје (комплекс „Железара“).

Одлуката беше на предлог на скопскиот градоначалник Петре Шилегов која ја поддржаа сите 38 присутни советници.

Според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, се работи за исправна одлука, но требало да се слушне и спротивната страна на што градоначалникот Шилегов рече дека не ја консултирале другата страна.

- Не ме интересира другата страна. Ме интересира состојбата во ЈП „Водовод и канализација“. Во Град Скопје до крајот на мојот мандат ќе нема да има повластено плаќање на услугите од ЈП „Водовод и канализација“. Имаме доволно разбирање и ќе дадеме период на адаптација и никому не должиме ништо. И затоа така лесно ги носиме тешките одлуки. Оваа одлука е исправна за Град Скопје, рече Шилегов. 

 

 

 

01.03.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега