Помош од општина Ѓорче Петров за самохрана мајка чија куќа изгоре во пожар

Општина Ѓорче Петров заедно со доброволци почна со санирање на штетата и расчистување на сметот од пожарот, кој на почетокот на јануари годинава зафати дел од станот на самохраната мајка Венера А. од оваа општина. 

- Станот целосно ќе биде реконструиран и наскоро донесен во состојба за вселување. Неколку фирми и физички лица покажаа интерес да и помогнат на Венера во однос на опремување на станот со мебел и покуќнина, откако штетата целосно ќе се санира и просторот ќе се адаптира за живеење, соопшти општина Ѓорче Петров. 

На Венера, која е привремено сместена во кумановско Табановце, неодамна општина Ѓорче Петров и донираше храна и облека за неа и нејзиното бебе со средства што ги собраа од хуманитарна забава, организирана на 14 февруари. 

Општина Ѓорче Петров информира дека ќе и додели еднократна парична помош и побрзо обезбедување на документацијата која и е потребна по трагичниот настан, во кој почина нејзината мајка. 

 

 

 

02.03.2018 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега