ФОТО: Почнува протестот во Скопје, народот излезе во одбрана на името Македонија

На Плоштадот Македонија во Скопје започнува протестот против промената на уставното име на Македонија.

Протестот е во организација на движењето „Нашето име е наше право“.

На протестот ќе биде изразено незадоволство од, како што пишува, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

 

 

 

 

04.03.2018 - 13:20
Фото: 
ФОТО: А. ИВАНОВСКИ (Република)

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега