Променети имињата на скопските фестивали „Пиволенд“, „Вино – Скоп“ , и „Баскерфест“

Советот на Град Скопје денеска ја одржа првата вонредна седница на која расправаше за изменување и дополнување на програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2018 година. На вонредната седница е донесена одлука за промена на имињата на традиционалните скопски фестивали.

Со оваа одлука  „Фестивал на виното Вино – Скоп 2018“ се преименува во „Вински фестивал“, проектот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ ќе се вика „Пивски фестивал“, а познатиот „Баскерфест“ е преименуван во „Организирање на манифестација со улични изведувачи“.

Градоначалникот Петре Шилегов изјави дека новите називи биле неопходни заради усогласување на називите на проектите во програмата со називите на проектите во Буџетот на Град Скопје за 2018 година.

 

 

 

 

05.03.2018 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега