Во општина Гази Баба се одржа крводарителска акција

Општина Гази Баба заедно со општинската организација на Црвен Крст Гази Баба и Заводот за трансфузиона медицина – Скопје, организираа крводарителска акција „Дари крв подари живот“ којашто се одржа во просториите на општината.

Акцијата беше успешно реализирана со собрани од околу 30 единици на крв, соопшти прес-службата на општината.

Традиционално во општина Гази Баба се одржуваат краводарителски акции веќе десет години по ред, а се организираат по три акции во годината, на пролет, на лето и во ноември по повод Денот на општина Гази Баба.

Меѓу крводарителите беше и градоначалникот Борис Георгиевски кој по 29-ти пат даруваше крв, тој воедно ги поздрави и разговараше со присутните крводарители и медицинските екипи и ја истакна важноста на ваквите хумани акции, бидејќи секоја капка крв е драгоцена и може да спаси човечки живот.

 

 

 

05.03.2018 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега