Повторно исчезна скопјанецот Душан Христов - семејството бара помош

Седумдесет и девет годишниот Душан Христов утрово повторно исчезна во скопската населба Бутел 1.

Душан боледува од Алцхајмерова болест. Непосредно пред исчезнувањето, околу 5 часот утринава, бил облечен во долга црна јакна, сини фармерки и носел црвено летно капче.

Истиот човек исчезна на 10-ти јануари годинава, но тогаш семејството успеа да го пронајде.

Се молат сите кои имаат какви било информации да се јават на 070 739 730 или во најблиската полициска станица.

 

 

 

07.03.2018 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега