Бесплатни лекарски прегледи за жените од општина Бутел по повод 8-ми Март
По повод 8-ми Март, општина Бутел денеска организира целодневна манифестација „Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми Март“ чија цел е да се зголеми свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството.
Доктори специјалисти ќе прегледаат над 200 жени од администрацијата и други жителки од општината. Направени ќе им бидат тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта,…
Ќе биде одржано и предавањеза самопреглед на жените, за неопходноста од редовното правење ЕХО, мамографски прегледи на дојка, ПАП тестови,…
На манифестацијата обраќање ќе има градоначалникот Велимир Смилевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа