Наместо забрана за автомобили Град Скопје почнува да го наплаќа паркингот на Средно Водно

Град Скопје размислува наместо забрана за автомобили да почне да наплаќа паркинг на Средно Водно. Информацијата за Слободен Печат ја открил еден од сопствениците на локалите на овој дел од планината кои викендов протестираа незадоволни од одлуката да се забрани сообраќај на Средно Водно, бидејќи тоа практично им го уништува бизнисот.

– Нè известија дека размислуваат да ја укинат забраната за движење со автомобили на Средно Водно и дека ќе наплаќаат паркирање на постоечките паркиралишта, со цел да се одвикнат луѓето масовно да доаѓаат на Водно. Не сум баш сигурен како ќе го направат тоа затоа што колку што ми е познато, Градот нема надлежност над овие паркиралишта – вели Арсовски за Слободен Печат.

Од Град Скопје кратко велат дека за проблемите на сопствениците на угостителски објекти на Средно Водно се бара решение без да се прецизира дали паркинг наплатата е едно од нив.

 

 

 

12.03.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега