Протест против промена на името: „Не може Коѕијас да ни се прави пријател, а да бара делегитимирање на Македонија“

Семакедонскиот национален совет „Македониум“, Христијанското братство и здружението „Тврдокорни“ здружени во една организација, „Народен фронт за спас на Македонија“ денеска преку протестен марш од портата „Македонија“ до Министерството за надворешни работи го изразија своето незадовослтво поради преговорите за менување на името на Македонија.

-Протестираме директно против негаторите на македонскиот народ и идентитетот на Македонија. Не може Коѕијас денеска да дојде овде и да ни глуми пријател, а да бара да се делегитимираме самите себе пред светската јавност, вели Страшо Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет.

Тој рече дека според него грчкиот народ е окупатор на македонска територија поради вршењето геноцид врз македонскиот народ и порача дека никогаш нема да се откажат од македонските браќа и сестри кои денеска се уште живеат во, како што кажа, беломорска Македонија. Тој побара итно прекинување на преговорите за името и поднесување барање до генералното собрание на Обединетите нации учество на Македонија под нејзиното уставно име.

Народниот фронт за спас на Македонија протестот го заврши пред МНР од каде побараа, но не добија средба со министерот Димитров.

 

 

 

22.03.2018 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега