Град Скопје работи на трајно решение на Луна Парк

Град Скопје работи на решение за Луна Паркот.

Прашан како ќе се обесштетат фирмите кои потпишале договори и колку од планираните 6,5 милиони се потрошени досега, Шилегов рече дека се е тоа дел од постапката што во моментот ја работат и дека добро планирање ќе ги намали трошоците на градот.

- Тие се тековни пари. Околу 80 проценти се платени. Тоа се договори што јас како градоначалник ги наследив и ќе ги исполнам. Меѓутоа, концептот на Луна парк е сосема поинаква работа и граѓаните не заслужуваат импровизација, рече Шилегов. За тоа дали Луна паркот ќе оди под концесија, Шилегов посочи дека тоа ќе биде споделено со јавноста, за како што рече, кога работите ќе бидат зрели за споделување.

Прашан колку го чини Град Скопје одржувањето на спомениците од проектот Скопје 2014, Шилегов рече, околу 50 илјади евра годишно, тендер што го добивал „Бетон“. 

 

 

 

 

23.03.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега