Внимавајте ако се движите по овие улици во Скопје - пренасочување до 17 часот

Во периодот од 15 до 17:15 часот денеска сообраќајот во центарот на Скопје ќе биде пренасочен по одредени улици. Пренасочувањето е поради уличната акција организирана од здружението Млади европски федералисти на потегот од Собранието на Република Македонија до Скопско кале.

Како што соопшти МВР, трасата на движење на уличната акција е од пред Собранието и продолжува кон Порта Македонија, низ градскиот плоштад Македонија, Камениот мост, плоштадот „Филип 2“, по улицата „Иљо Војвода“, десно по надвозникот над булеварот „Гоце Делчев“, десно по улицата „Самуилова“ пред платото на црквата “Св. Спас“, лево по сервисната улица кон Скопско кале и потоа назад кон македонското Собрание по истата траса.

 

 

 

25.03.2018 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега